Не излегувајте ако не морате: Денеска температура до 36 степени
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени,а дневната температура од 23 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 степени.
Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град. Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции