Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на 30 април организира крводарителска акција со која ќе го одбележи 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата во која голем број колеги ќе ја потврдат хуманоста ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава.
-На 30 април 2025 во терминотод 08:00 до 14:00 часот драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“). Во исто време во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар Битола, во Општата болница во Струмица, ЈЗУ Општа болница Прилеп и во Клиничкиот центар во Штип крв ќе може да се дарува од 09:00 до 14:00 часот, информираат од ССНМ.
Крводарителската акција, која се организира трета година по ред, се одржува во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и со поддршка на Црвен крст на град Скопје. Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција Ве молиме да се пријавите на електронската пошта на ССНМ – contact@ssnm.org.mk.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна