Македонија
28. April 2025 - 12:23

Треба да се работи на патната инфраструктура

Патната инфраструктура е во лоша состојба .Дали да сe градат нови или да сe  одржуваaт постојните патишта во земјава постојат недоумици во стручната и научната фела. Според добрите познавачи мора забрзано да се работи на патните и железничките проекти бидејќи сообраќајната инфраструктура  е крвоток на секојдневното живеење и основен фактор за развој на економијата.

Голем број сообраќајни несреќи се случуваат токму поради лошите патишта , општините треба на регионално ниво да се  здружуваат за да ја подобрат патната инфраструктура.

Патот Кичево Охрид речиси цела деценија е во изградба, а лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите.