-->
-->
НБА: Волтон ќе го менува системот на игра во Лејкерси
-->
Новиот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, порaнешниот играч на овој клуб, Лук Волтон, има намера во „Стејплс Центар“, да ја донесе добитната комбинација од Голден Стејт Вориорс.
Волтон беше помошник на Стив Кер, а сезонава на 43 натпревари самостојно го водеше тимот на Голден Стејт и забележа само четири порази.
Екс играчот од шампионскиот тим на Лејкерси нема намера да го задржи системот кој во овој тим го донесе Фил Џексон, односно фамозниот напад во триаголник.
„Мислам дека таков напад не одговара на профилот на играчи кои ги има ЛА Лејкерс. Стилот на игра ќе биде сличен на оној на Голден Стејт“, рекол Волтон.
Волтон со Лејкерси потпишал петгодишен договор, а медиумите шпекулираат дека ќе заработува помеѓу пет и шест милиони долари годишно.
Лејкерси во последните три сезони не успеваат да се пласираат во плејофот, а оваа сезона го имаа вториот најлош резултат во НБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра