Кошарка
2. May 2019 - 10:38

НБА: Портланд го доби вториот меч во Денвер

Портланд трејлблејзерс направи брејк на теренот во Денвер со победата 97:90 и го израмни резултатот во полуфиналната серија на Западот на 1-1.

Трејлблејзерси знаеја да го казнат лошиот шутерски ден на домашните кошаркари. Без многу осцилации во играта, тие имаа максимални 17 поени предност. Денвер успеа да стигне на пет поени негатива на 35 секунди до крајот, а откако Јокиќ не погоди тројка, јасно беше дека резултатот во серијата ќе иде израмнет.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер со 16 поени, 14 скока и 7 асистенции, двоен ефект забележа Пол Милсап (14 поени, 11 скока), а Замал Мареј постигна 15 поени.

Си-Џеј Мекалум беше најефикасниот играч на Портланд со 20 поени, а по 15 поени постигнаа Родни Худ и Енес Кантер.