НАкС: Во МОН нè уверуваа дека не иницирале нов синдикат
Преставниците на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска на средба во МОН со министерот за образование и наука Арбер Адеми и вицепремиерката Мила Царовска биле уверувани дека тие не иницирале и не се одговорни за основање синдикати на јавните универзитети. Од владините претставници им било ветено и дека до крајот на денот ќе бидат разгледани нивните аргументи и предлози.
-Претставниците на Владата нè уверуваа дека ниту иницирале ниту стојат зад незаконската постапка за формирање на синдикатите. Што се однесува до покачувањето на платата на вработените во високото образование од 10 проценти, претставниците на НАкС изнесоа аргументи дека за исплаќањето на ветеното покачување нема законски пречки, тоа не е условено со колективен договор, и посочија правни механизми за негово реализирање веднаш, изјави в.д. претседателката на НАкС Елена Џукеска.
Таа ја поздрави, како што рече, „заинтересираноста на Владата да се вклучи во надминување на проблемите поврзани со исплаќањето на ветеното покачување од 10 проценти и со незаконското формирање жолти синдикати од страна на работодавачите – ректорите на УКИМ и УКЛО“.
Џукеска соопшти и дека сите учесници на средбата се согласиле дека потпишувањето целосен колективен договор на ниво на гранка е единствен начин конзистентно и сеопфатно да се уредат сите прашања поврзани со регулацијата на платите и со останатите права што произлегуваат од работниот однос, како и на условите за работа на вработените на јавните универзитети.
-НАкС потсети дека уште на 8 ноември 2019 има поднесено нацрт колективен договор во МОН и дека е во фаза на преговори со СОНК за склучување спогодба за здружување со цел потпишување колективен договор на ниво на гранка. Доколку постои политичка волја, уверени сме дека е можно во најкраток можен рок да се потпише колективен договор. Со тоа, по цели 30 години и првпат од независноста на Македонија академската заедница ќе добие достоинствен третман и сеопфатен колективен договор наместо понижувачки договор од еден член за еднократно покачување на платите, рече в.д. претседателката на НАкС.
Претставниците на Независниот академски синдикат очекуваат конструктувен пристап и позитивен одговор од Владата.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви