Најстудено во Скопје, Битола, Берово и Дебар
На првиот ден од последната недела во оваа година настудено е во Скопје каде утринава се измерени -5 степени, по што следуваат Битола, Берово, Дебар и Струмица со -4, Штип и Демир Капија со -3, Тетово, Куманово, Кавадарци и Маврово со -2, Прилеп -1 и Охрид 0 степени.
Во Крива Паланка и Претор утринава е измерена температура од еден степен, во Виница, Лазарополе и Гевгелија 2, Дојран 4 и во Крушево 6 степени.
Густа магла утринава има во Демир Капија, во делови од Скопската котлина, К;уманово и во Дебар. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а попладне умерено облачно со слаба магла. Температурата ќе достигне до 10 степени.
Според прогнозата на УХРМ, утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Од среда се очекува значителна промена на времето, проследена со умерен североисточен ветер и нагло заладување, а во вечерните часови ќе има локален слаб дожд, а на повисоките места слаб снег.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен