-->
-->
Најмалку девет жртви и тројца исчезнати во циклонот Белна на Мадагаскар
-->
Најмалку девет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати откако циклонот Белна го погоди северозападен Мадагаскар, информира денеска претставник на локалните власти.
Елак Андријанкаја, шеф на агенцијата за катастрофи на островот, за ДПА изјави дека деветмината кои биле убиени во градот Соалала биле „заробени од надојдена вода“.
Циклонот уништи владините згради, патишта и домови. Ветерот синоќа достигна брзина од 130 километри на час.
Локалниот весник Миди-Мадагаскар ја цитира пратеничката на Солала, Наина Рандријамиса која рекла дека „80 проценти од покривите се уништени и нивото на водата продолжува да расте“ во повеќето населби.
Допрва ќе се врши проценка на штетата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Пронајдена дрога во Битола
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување