-->
-->
Најмалку девет загинати бегалци во напад на руските авиони врз село во провинцијата Алепо
-->
Во воздушните напади на руските сили врз село полно со бегалци во северна Сирија, погинале девет лица, јави сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија.
Центарот наведува дека руските сили по полноќ го гаѓале селото Абеан, во руралните делови на западот од провинцијата Алепо. Меѓу загинатите шест се деца.
Бројот на смртни случаи веројатно ќе се зголеми бидејќи уште неколку лица се заробени под урнатините, како и затоа што повеќето од 20-тината ранети се наоѓаат во критична состојба, додаде Центарот.
Ибрахим ал-Хаџ, портпарол на спасувачката екипа на Белите шлемови, за ДПА изјави дека повеќето загинати и ранети се сириски бегалци кои бегале од руралните подрачја на Алепо.
Во северниот бунтовнички град Африн, во покраината Алепо, денеска експлодира автомобил бомба. Во нападот се убиени шест лица, додека 23 се ранети, додаде Центарот.
Сириската војска вчера соопшти дека во изминатите неколку дена стекнала контрола врз 600 квадратни километри во подрачјата на Идлиб и Алепо, кои претходно ги држеа бутновниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна