Награди за победниците на натпреварот за најдобра социјално-претприемачка идеја
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска им ги врачи наградите на училишните тимови, победници на натпреварот за најдобра социјално-претприемачка идеја. Покрај сертификатите и плакетите, сите членови на победничките училишни тимови (ученици и ментори), добија и парична награда.
- Град Скопје изминатиов месец реализираше проект за промоција на концептот за социјално претприемништво кај учениците од средните училишта, со основна цел да се зголеми интересот кај младите за оваа област, како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера, но и на општеството во целина, рече Трајановски.
Тој изрази задоволство што 17 училишни тимови, составени од ученици и професори, зеле учество на натпреварот и покажале навистина квалитетни идеи и сериозни познавања во оваа област.
Град Скопје во соработка со проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, а на иницијатива на Локалниот економско-социјален совет изминатиов месец реализираше проект за промоција на концептот за социјално претприемништво кај средношколската младина.
Во рамки на проектот беше организирана тридневна обука за концептот и важноста на социјалното претриемништво и поттикнување на развојот на социјални компании. Обуката ја следеа наставници кои го предаваат предметот бизнис и претприемништво и ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во Град Скопје.
По обуката, која опфати околу 60-тина учесници, секој училишен тим имаше време да развие една бизнис идеја поврзана со социјално претприемништво, која беше претставена во вид на апликација со која се најавуваше учество во претстојниот натпревар. Натпреварот се одржа на 25 март во СУГС „Боро Петрушевски“ и беа презентирани идеите на 17 тимови од средните училишта на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради