Свет
3. October 2015 - 10:54

Над 300 илјади бегалци влегле илегално во Унгарија од почетокот на годината

Бројот на бегалци кои оваа година илегално влегле во Унгарија ја надмина бројката од 300 илјади, се вели во податоци на полицијата на Унгарија.

Од 1 јануари до ноќеска регистрирани се вкупно 300.182 лица кои илегални минале границата на таа држава.

За време на вчерачниот ден регистрирани се 4.897 илегални преминувања на границата.