Над 12 часа прекин во снабдување со електрична енергија во тетовско Брвеница
Делови од тетовското село Брвеница втор пат за една недела над 12 часа немаат снабдување со електрична енергија. Поради дефект од 23 часот синоќа е во прекин снабдувањето со електрична енергија.
- До кога ќе се си играат со струјата во Брвеница. Пред три дена немаше повеќе од 10 часа, сега пак. Ноќеска на десетина пати се прекинуваше и снема струја со часови. Поради неработење на фрижидерите се расипуваат производите, како во домаќинствата така и во продавниците, се пожалија мештаните.
Од електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија велат дека за прекинот во снабдувањето синоќа во 23 часот проблемот е во подземен кабел. Се лоцира со мерна кола, потоа треба да се копа, па да се санира дефектот.
- Во Брвеница настанал дефект на подземен кабел. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, информираше портпаролот на ЕВН Македонија Вјоса Селими.
Првиот дефект се случил во вторникот, 11 јули околу 11 часот, а бил отстранет во текот на вечерните часови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра