Македонија
21. August 2024 - 18:38

На сила внел девојка во неговото возило па ја тепал, кривична за тетовец

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка од Тетово во возило и за физички напад врз неа, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што се појаснува во соопштението, од страна на СВР - Тетово, поднесена е кривична пријава против С.К. од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

- На 22 март во Тетово, пријавениот со употреба на сила внел девојка во неговото возило, по што физички ја нападнал, се додава во соопштението.