Вулин во име на Србија им се обрати на учесниците на состанокот на БРИКС за безбедност во Русија
Вицепремиерот на Република Србија, Александар Вулин на средбата на високи претставници за безбедност на земјите од БРИКС и земјите партнери во Санкт Петербург остро зборуваше за Западот, јави дописникот на МИА од Белград.
Вулин оцени дека со обединувањето на Германија започнала одмаздата за поразот во Втората светска војна, односно светски конфликт чии први жртви, како што нагласи, биле Југославија и СССР.
Вулин, како што соопштија од Владата на Србија кажа дека Србија очекува големите сили да ја преземат одговорноста за судбината на планетата, побара во светот да се врати стравот од уништување, срамот за злосторствата од минатото и да се воспостави систем на колективна безбедност во кој правилата ќе се знаат и во кој обоените револуции нема да бидат начин за промена на изборната волја на граѓаните.
Вулин рече дека БРИКС може да понуди не само економски сојуз, туку и да прерасне во гарант на безбедноста што ќе ги врати рамнотежата и стравот во светот. – Светот се заснова на лаги.
Така, Русите ги излажаа дека НАТО нема да се прошири на исток, исто како што се согласија дека договорот од Минск е договор за мир, а не за купување време за подготовка за војна со Русија.
Така нас Србите не лажеа дека проблемот на Косово и Метохија ќе се реши во рамките на Обединетите нации и резолуцијата 1244, дека ќе се спроведе Бриселскиот договор потпишан со Европската Унија, а сите вас драги пријатели ве лажеа дека во 1999 година ја убиваа Србија затоа што таа вршела злосторства.
И дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.
Исто како што сите ве лажеа дека во Сребреница е извршен геноцид, дека Србите се геноцидна нација, рече потпретседателот Вулин во своето обраќање и праша: „Зарем Германците не се геноцидна нација, а Србите се?“.
Вулин според владиното соопштение заклучи дека во светската политика е неопходно враќање на стравот или разумот и дека Србија очекува од големите сили да ја преземат одговорноста за судбината на планетата и да воспостават нови безбедносни системи.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија