Македонија
12. September 2024 - 14:17

Сиљановска Давкова утре на средба со Радев во Софија

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија.

Како што најавија од нејзиниот кабинет, во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

- Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на Сиљановска Давкова.