МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
Министерството за здравство соопшти дека е во постојана комуникација со болницата во Кочани и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население.
Како што се посочува во соопштението, медицински тимови се зајакнати особено денеска, за време на погребот. Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.
-Во соработка со здравствените установи и Црвениот крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден. Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните, наведува МЗ.
Исто така, Министерството апелира за внимателно и етичко информирање, со емпатија, хуманост и солидарност, во овие моменти на жалост.
Апелира информации да се проверуваат кај надлежните институции, „бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност“.
-Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство, што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик, наведува Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради