МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки
Bо изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Ново на Сител
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок
-
Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците