Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците
Полскиот премиер Доналд Туск им порача денеска на американските власти, по жестоката размена на преписки откако милијардерот Илон Маск се пофали дека може да го исклучи интернетот на Украина преку Старлинк и да предизвика колапс на фронтот, дека вистинските лидери никогаш не се арогантни, а лидерството значи почитување на партнерите и сојузниците.
-Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците. Дури и помалите и послабите. Никогаш не ароганција. Драги пријатели, размислете за тоа, објави полскиот премиер на „Х“.
Вчерашното предупредување на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во врска со коментарот на Маск за Старлинк за Украина, кога Сикорски рече дека Полјаците плаќаат за услугата наместо Украинците врз основа на комерцијален договор вреден околу 50 милиони долари годишно и дека наместо несигурниот Маск, тие можат да бараат други деловни партнери, предизвика остра реакција на шефот на Стејт департментот, Марко Рубио.
Рубио му рекол на Сикорски да не измислува, бидејќи наводно „никој не се заканил дека ќе го откаже Старлинк за Украина“.
-И кажете благодарам затоа што без Старлинк, Украина одамна ќе ја изгубеше војната, а Русите сега ќе беа на границата со Полска, му рече Рубио на Сикорски.
Главниот конкурент на Старлинк на Маск во Европа, француската компанија Еутелсат, изјави дека веќе има илјадници комуникациски терминали во Украина и ги разгледува опциите за замена на американскиот Старлинк.
Ново на Сител
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ
-
Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд