-->
-->
МО на Русија: Засега немаме информации за напад врз Деир ал Зур во Сирија
-->
Руското Министерство за одбрана не располага со информации за загинати луѓе и за нападот од авиони на меѓународната коалиција врз сирискиот град Деир ал Зур, изјави портпарол на Министерството, генерал Игор Конашенков.
Тој додаде дека се испратени беспилотни летала во тој регион заради мониторинг и анализа на ситуацијата.
Сириската армија соопшти денеска дека во воздушен напад на коалицијата предводена од САД, врз складиште со отровни материјали на ИД во источниот дел од Сирија, загинале стотици луѓе, меѓу кои и голем број цивили.
Армијата соопшти дека нападот е извршен синоќа во провинцијата Деир ал Зур.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот