Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
Министерството за култура и туризам започнува проект за реконструкција и конзервација на црвката Свети Кирил и Методиј во Струмица, еден од најстарите и најзначајни верски објекти во градот. Проектот за кој се обезбедени 15 милиони денари ќе се реализира во соработка со струмичкиот завод и музеј. Активностите се планираат во неколку фази и предвидуваат обнова и санација не само на фасадата , туку и на внатрешниот дел од црквата. Според најавите целосната обнова треба да биде завршена во наредните три години.
Почетокот на овој проект го поздрави и викарниот епископ Стобиски Јаков, кој информираше дека во изминатиот период имале неколку неуспешни обиди за заштита и реконструкција на објектот, кој претставува еден од најзначајните столбови за духовниот живот на градот.
Црквата Свети Кирил и Методиј нема да биде единствениот верски објект во струмичко на чија заштита ќе се работи оваа година. Како дел од капиталните проекти што ги финансисра министерството за култура и туризам ќе биде и Конзервација и санација на кровот на манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча за чија реализација се добрени 1.200.000 денари
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар