Кошарка
26. September 2017 - 17:23

Младите кошаркари на Феникс 2010 „одлетаа“ кон Европа

 
 
 
Селекцијата на млади кошаркари  родени 2003 година, на екипата на Фенис 2010 од Скопје, отпатува за Пелхмиров, Чешка, каде ќе настапи во Европската младинска лига (EYBL). 
 
За оваа селекцијата на играчи (У-15) ова ќе биде втор настап во Европската лига, во која минатата сезона имаа забележителен успех, а само една победа ги делеше од пласман меѓу осумте најдобри екипи во Еевропа. 
 
Како и лани, така и годинава, младите „фениксовци“ ќе треба да минат три фази за да се изборат за Супер-финалето.
 
Во рамките од првиот турнир на А групата екипата на Феникс за противници редоследнот ќе ги има тимовите на: Атомерому (Пакс, Унгарија), УСК Прага (Чешка), домаќинот СОЈКИ Пелхмиров (Чешка) и шампионот на Србија, Младост Земун. 
 
Противници во втората рунда што ќе се игра во јануари 2018 година, ќе им бидат екипите на: Шолноки Спортцентрум (Унгарија), ЛПС Бихорул Ородеа (Романија), Темперен Пиринто (Финска) и Интер, Братислава (Словачка).
 
Двете пропласирани екипи од оваа група, како и првите две екипи од Б групата, ќе играат на завршен плејоф турнир. 
 
Инаку, покрај оваа селекција КК Феникс 2010 во Европската младинска лига веќе настапува и генераијата 2002-ра, а учество ќе земат и селекциите 2001-ва, и 2004-та година.