Министерот Спасовски и неговиот црногорски колега Секуловиќ на Пониква ги проследија показните вежби на елитните единици на МВР
Денеска во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква беа презентирани четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност.
Единицата за брзо распоредување изведе вежба во која полициските службеници претставија случај за совладување на активен отпор, самоодбрана при напад на лица сторители на кривични дела и нивно лишување од слобода, како и операции на растурање на толпа при нарушен јавен ред и мир во поголем обем.
Полициските службеници од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции во избраните показни вежби демонстрираа техники и тактики на обезбедување на високи домашни и странски функционери, како и начин и постапка на реакција при загрозување на личноста што се обезбедува, преку упад во објект и лишување од слобода на лица кои даваат вооружен отпор и евакуација на ВИП личности со помош на алпинистичка опрема и примена на алпинистички техники.
При изведување на вежбите припадниците на елитните единици користеа шок бомби, димни бомби, маневарска муниција и вежбовна муниција и оружје за нејзино користење, балистички штитови и алпинистичка опрема.
На изведувањето на четирите показни вежби на елитните единици на МВР во Пониква присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со својот колега црногорски колега Сергеј Секуловиќ, кој предводи делегација во рамки на официјалната дводневна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија