Мицотакис: Време е ЕУ да преземе јасни обврски во однос на Западниот Балкан
Осумнаесет години по Самитот во Солун, кој првпат ја отвори вратата за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, сега е време да преземе јасни обврски во однос на регионот, порача денеска од Љубљана грчкиот премиер Кирајкос Мицотакис.
Мицотакис, кој пристигна во Словенија за да учествува на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ, порача дека собирот ќе биде можност да се разговара за перспективите за пристапување на земјите од регионот во Унијата.
– Времето не притиска. Доколку ЕУ отсуствува од овој регион, нема сомнеж дека другите ќе побрзаат да ја пополнат таа празнина. На вечерашната вечера ќе имаме шанса да разговараме и за прашања поврзани со надворешната политика на глобално ниво, додаде Мицотакис во изјавата.
Тој исто така се осврна и на како што рече „потребата да се забрза дискусијата за стратешката автономија на Европа“.
– Конечно, Европа мора да биде во позиција барем да започне да се движи кон усогласување на својата економска со геополитичката моќ. Се надевам дека вечерва ќе имаме шанса темелно да разговараме за ова, додаде Мицотакис во изјавата.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница