Мицкоски: Ќе се повлечам од политика доколку Ковачевски докаже дека сум наредувал недолични напади врз неговата ќерка
Вечерва на Фејсбук се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод изнесените ставови на премиерот Димитар Ковачевски дека наредувал недолични напади против неговата сопруга и ќерка.
„Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство.
Денес на прес конференција Ковачевски ме обвини дека сум наредувал недолични напади врз неговата сопруга и неговата ќерка.
Сите кои ме познаваат знаат дека тоа не е моја одлика, станува збор за безочна лага и навистина жалам што политичката комуникација се сведе на толку ниско ниво.
Почитувана македонска јавност,
во интерес на вистината го повикувам Ковачевски веднаш до обвинителство да достави докази и истите да ги покаже јавно, а доколку тоа е така како што тој тврди, јас веднаш се повлекувам од политиката. Доколку тоа не го стори многумина ќе очекуваат да го тужам и правдата за оваа лоша лага да ја барам на суд…, но тоа нема да го сторам…, овој човек што го вовлекува своето семејство не заслужува такво внимание, поради што и сум и вистински згрозен.
Воедно јас нема себе си да се прикажувам за жртва поради тоа што на моето семејство му се доделуваат невкусни ептитети и тоа токму од инсталициите на власта, оние кои управуваат медиуми и тие кои добиваат пари од истите, тоа што се инволвираат членови на моето семејсво во црна кампања, мојата сопруга, мајка, татко, сестра, тоа што се подметнува наводно скриен имот кој не е мој итн, итн. Јас нема да говорам за сето ова, зошто мојата решеност да одам до крај и да се борам за иднината е поголема од секоја нивна слабост и подмолност.
А вам две дами Ковачевски, не Ве познавам и сакам од срце да ви се извинам што морате ова да го читате. Имате мој поклон до земја. Со ништо не сум сторил нити ќе сторам да ја повредам вашата чест и достоинство, ниту на памет ми паднало семејства да вовлекувам во дневна политика. Ви посакувам бескрајно многу здравје и сила ова да го издржите. Знам што е да си сопруг и родител и јас за моето семејство ќе сторам се во животот, затоа го почитувам секое друго семејство затоа што знам дека тоа му значи на некого онолку колку моето мене ми значи, а ми значи СЕ на светот“. - напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот