Мицкоски: Ги повикувам гласачите на Левица да не поддржат во првиот круг, ние ќе ги поддржиме во вториот
Мојата цел беше кога на еден Дневник се обидов да подадам рака на оние кои се идентификуваат како опозиција да направиме заеднички политички блок. На тој начин полесно ќе направиме делегитимирање на власта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа говорејќи за понудата до раководството на Левица да ги поддржи кандидатите на опозицијата, доколку оваа партија навистина сака да ја делегитимира власта.
Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.
Мицкоски ги повика членовите, симпатизерите на Левица онаму каде немаат кандидати да ги поддржат оние на опозицијата.
„Жалам што раководството на Левица не ја препозна шансата за обединување против Заев, ги повикувам нејзините гласачи да ги поддржат кандидатите на опозицијата таму каде Левица не одат со свои кандидати, а јас ќе повикам во вториот круг таму каде нема да имаме свои, да се поддржат кандидатите на Левица“, заклучи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам