Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
Идниот мандатар и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан како ја коментира изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши, кој во својата изјава вели дека неговата татковина е Косово, денеска одговори дека ја нема слушнато изјавата, но рече дека од Гаши лично чул дека нивна заедничка татковина е Македонија. Сепак, како што рече Мицкоски, доколку имало таква изјава, тогаш Гаши треба да се извини.
„Мислам дека неговата татковина е Македонија и од она што сум го разговарал, сум слушнал лично од Гаши, дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Но, ако има таква изјава, тогаш треба да им се извини на граѓаните и тоа треба што побргу да го направи бидејќи од тука зема плата. И од страна на Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите е избран за претседател на Собранието“, потенцира Мицкоски.
Ново на Сител
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот