Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека 2024-та ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план.
Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски, во однос на цените на производите, потсети и дека во земјава не беше поскапена струјата како во некои од државите на еврозоната каде поскапувањето достигна 15 до 20 отсто, што, нагласи, влијае врз цените на крајните производи.
- Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потреебно, а можеме да интевренираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент. За разлика од еврозноата, каде поскапувањето на струјата беше 15 - 20 отсто во некои држави, ние не ја зголемивме цената на електричната енергија која е значаен инпут и влијае врз цената на чинење на готовиот производ, истакна Мицкоски по посетата на општина Штип.
Премиерот напомена дека се преземаат сите мерки за стандардот на граѓаните да биде квалитетен, а истовремено, истакна, и платите растат.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса