Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата
Премиерот Христијан Мицкоски во објава на неговиот официјален Фејсбук профил истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада.
Тој денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресира, како што вели, оваа значајна тема.
-Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата. Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот.
Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот, пишува на фб статусот на премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот