МФ: Нема промени во оданочувањето на дознаките
Предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките, соопшти денеска Министерството за финансии.
- Со предложените измени се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција. Поточно, со овие измени, се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од нивното потекло, како и зајакнување на борбата против даночното затајување, се вели во соопштението.
Од Министерството за финансиии истакнуваат дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, додека дел од останатите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како на пример приливи по основ на извршена услуга.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември