Меркел доби ултиматум за да ја промени до март поитиката кон мигрантите
Германскиот канцелар Ангела Меркел треба до март да го спроведе планот за намалување на бегалскиот бран бидејќи во спротивно таа е под закана за отворен бунт во конзервативниот политички сојуз. Тоа го изјави поранешниот премиер на провинцијата Баварија. Едмунд Штојбер.
Тој се уште има силни позиции во баварскиот Христијанско-социјален сојуз (ХСУ) и вели во интервју за Зидојче цајтунг дека Меркел треба да го ограничи мигрансткиот бран до март. Штојбер не одговори дали ако тоа не се спроведе до март ќе значи и нејзино отстранување од функцијата.
Според него, јужната граница на Германија со Австрија би требало да биде затворена за да се пресече бранот мигранти.
Портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт вели дека Меркел се придржува до миграциската политика и покрај се поголемите несогласувања во конзервативниот политички сојуз. Поддршката за миграциската политика на канцеларката ќе биде на проверка во март кога ќе има избори во три германски провинции, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген