Маричиќ: Новиот Закон за отпис на камати е доказ дека се грижиме за сите
Новиот Закон за отпис на камати, со кој им помагаме на најранливите категории сограѓани да ги вратат долговите кон јавните институции, е доказ дека се грижиме за сите, изјави синоќа во Струга министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бојан Маричиќ.
Маричиќ, кој заедно со пратеникот во Собранието, Јован Митрески и раководството на струшката Општинска организација на СДСМ, вчереа беше меѓу граѓаните на Општина Струга, потсети и на сите досегашни проекти реализирани изминатите 4 години и на концептот „парите назад кон граѓаните“.
Како што соопшти СДСМ, на маалска средба Маричиќ имаше можност од локалното население да слушне што е реализирано, што бараат и кои се потребите на жителите.
– Жителите на Струга се задоволни од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто. Ќе понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати. СДСМ секогаш со и за граѓаните, отворено, транспарентно, отчетно. Тоа е нашиот пристап, само така умееме и можеме, нагласи Маричиќ.
Посетата на Општината, Маричиќ ја искористил и за одржување работен состанок со раководството на ОО на СДСМ – Струга, на која биле дефинирани идните насоки за теренските активности и биле разменети информации за текот на внатрепартиската постапка за кандидирање на кандидати за градоначалник и советници на СДСМ, како и за моменталните случувања дома и на меѓународен план.
Ново на Сител
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје