Маричиќ: Ќе продолжиме со подобрување на условите во штипскиот затвор
Министерот за правда Бојан Маричиќ при посета на Казнено поправниот дом - Штип, оствари средба со директорот на затворот Мики Тодоров со кој разговараше за состојбата во затворот со фокус на ресоцијализацијата на осудените лица и состојбата со коронавирусот.
- Штипјани треба да се гордеат што токму овој затвор е прв во Југоисточна Европа, во кој осудениците може да поминат време со своите деца во детско катче, во нормални и здрави услови за децата. Ова катче е направено од младите Штипјани од локалното средно училиште и студентите од Ликовната академија во Штип, што претставува пример како локалната заедница се вклучува во рехабилитацијата на осудените лица, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.
Министерот истакна дека затворот нуди можност осудениците додека ја издржуваат казната да посетуваат настава и стручно да се оспособат како идни готвачи и заварувачи.
- На овој начин им се помага на осудените лица да стекнат вештини кои ќе им овозможат да најдат работа по издржувањето на казната и успешно да се ресоцијализираат, додаде Маричиќ.
Директорот на затворот Штип, Мики Тодоров, го информираше министерот за правда во врска со состојбата со коронавирусот во установата: Во моментот се постапува според протоколите и во овој затвор нема осуденици кои се заразени со Ковид-19.
Во текот на денот, министерот Маричиќ ќе оствари средба и со претседателите на судовите и обвинителствата во Штип, каде како што најави ќе дискутира за работата на судовите и задоволството на граѓаните од работата на правосудните органи во Штип.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници