Малолетници извршиле насилство врз соученици во кумановско
Малолетник од Куманово повредил тинејџер во училишен двор. Во друг одделен случај, малолетници и еден осумнаесетгодишник извршиле насилство во двор на средно училиште, информира денеска кумановската полиција.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“. На 5 ноември годинава, во двор на училиште во кумановско село, пријавениот физички нападнал 13-годишен малолетник и му нанел тешка телесна повреда.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава и против Ш.Р. (18), еден 17-годишен и еден 16-годишен малолетник, сите од село Отља, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Пријавените, на 31 октомври годинава, во двор на средното училиште во Куманово физички го нападнале А.И. и со метална палка му нанеле тешки телесни повреди.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи