Свет
3. February 2018 - 9:39

Мадуро повторно кандидат на претседателските избори во Венецуела

- Владејачката Социјалистичка партија на Венецуела формално го номинираше актуелниот претседател Николас Мадуро како кандидат за реизбор на претстојните претседателски избори во земјата, соопшти потпретседателот на партијата Диосдадо Кабељо.

Мадуро (55), кој со мала разлика ги освои изборите во 2013 година и го замени на функцијата Уго Чавез, е фаворит на претстојните избори кои треба да се одржат до крајот на април.