Македонија
26. January 2025 - 17:07
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
Балканскиот Ерусалим со бројните цркви некои стари неколку векови ,кои имаат уникатна архитектура и вредни фрески и икони привлекува огромен број на посетители.Речиси и да нема организирани тури кои не ги опфаќаат главните верски објекти и знаменитости достапни за туристите. Овие тури обично вклучуваат посети на цркви и манастири, како и можности за учество во верски обреди и традиции.
Свештените лица велат дека преку социјалните мрежи голем број од туристите се информирани за верските објекти .
Охрид е најпознатата дестинација за верски туризам во Македонија. Повеќе од половината од туристите кои го посетуваат градот се заинтересирани за културното и верското наследство.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->