-->
-->
Лукашенко ослободи шестмина политички опозиционери
-->
На помалку од два месеци пред следните претседателски избори, на 11 октомври, белорускиот претседател Александар Лукашенко донесе одлука за ослободување од затвор на шестмина опозициски лидери, што важат за последни политички затвореници во земјата, објави претседателската канцеларија.
Меѓу ослободените е Микола Статкевич, поранешен претседателски кандидат, затворен во 2010 година. Неговата сопруга ја потврди веста за ослободувањето.
Лукашенко, кој е на власт во Белорусија од 1994 година, често е критикуван од Запад и своите политички противници за авторитарно владеење, а групите за заштита на човековите права го обвинуваат за кршење на граѓанските слободи.
Во декември 2010 година Лукашенко доби четврти претседателски мандат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра