-->
-->
ЛШ: Барса и Баерн го комплетираа четвртфиналниот список
-->
Екипите на Барселона и Баерн го комплетираа списокот на четвртфиналисти во Лигата на шампионите.
Барселона и по втор пат беше подобра од Арсенал, кој на Камп Ноу го победи со 3:1, а по лондоснките 2:0, актуелниот европски првак со вкупен резултат 5:1 се пласира во 1/4-финалето.
Баерн се спаси од елиминација, а потоа и успеа да го елиминира Јунентус. По нерешените 2:2 на првиот меч во Торино, италијанскиот шампион вчеравечер на Алијанц арената имаше водство од два гола, а се до содиското дополнение беше и пред пласман меѓу осумте најдобри. Сепак, Милер со голот во 91-минута се избори за дополнителни 30-минути, во кои баварците преку Алкантара и Коман стигнаа до победа од 4:2.
Со тоа, Баерн и Барселона им се приклучија на: Реал Мадрид, Волфсбург, Бенфика и Париз Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити во четвртфиналето, за кое двојките ќе бидат извлечени в петок, а натпревари ќе се играат 5 и 6, односно реванш дуелите на 12 и 13 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата
-
Проблемите на малите општини
-
Депонијата Буково - еколошка бомба
-
Преглед на вестите од светот
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес