Македонија
29. јуни 2024 - 16:59

Депонијата Буково - еколошка бомба

Депонијата Буково повторно чади и се шири неподнослива миризба .Деновиве жителите од околните села но и оние кои  со своите автомобили возат по тој пат реагираа дека се гушат во чад.

Екологистите пак алармираат дека таа претставува еколошка бомба за Охрид и околината и бараат да се забрза инфраструктурата на новата депонија бидејќи станува збор за долгогодишен проблем кој најизразен е во екот на летната сезона кога се пали и се загадува овој регион.

Екологистите предлагаат инсталирање на видео надзор и комунални редари на терен за да  се фатат сторителите кои ја палат депонијата.

Една од препораките на Унеско за охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја е изградбата на регионалната депонија 
Иако во најава е да се гради во Новаци, но, решение за овој горлив проблем се уште нема.