ЛШ: Ајакс избегна пораз во Солун
Грчки ПАОК и холандски Ајакс одиграа спектакуларно реми 2-2 во првиот меч од второто коло во квалификациите за фудбалската Лига на шампиони.
На популарниот стадион „Тумба“ во Солун гостите од Амстердам поведоа со голот на Зијеш во 10. Минута. Акпом носи изедначување во 32 минута. Само 7 минути подоцна, комплетен резулатски пресврт на воодушевување на домашната публика. Лео Матос со удар со глава погоди за 2-1.
На самиот почеток на вториот дел, по една неспретна реакција на фудбалерите на ПАОК, Ајакс дојде до израмнување. Топката го погоди ветеранот Хунтелар и заврши во домашната мрежа.
Во останатиот дел од мечот, холандскиот тим ја презеде иницијативата на средината на теренот, но резултатот остана непроменет.
Реваншот е за 7 дена во Амстердам.
Во вториот меч од денешната квалификациска програма за ЛШ, АПОЕЛ во Никозија беше непријатно изненаден од азербејџански Карабах. Гостите со предност од 2-1 ќе го дочекаат реваншот.
Емрели погоди за 0-1, а со голот на Геје Карабах веќе имаше 0-2 на Кипар. Гол за надеж за домашните фудбалери беше дело на Меркис во 95 минута од мечот.
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија