Лондон уверен дека до октомври ќе има напредок во преговорите за Брегзит
Велика Британија е уверена дека до октомври ќе постигне доволен исчекор во преговорите за напуштање на Европската Унија, за да може да напредуваат разговорите за идниот однос меѓу Лондон и Брисел, соопшти денеска одделението за Брегзит на британската Влада.
Претходно, главниот преговарач за ЕУ изјави дека е малку веројатно дека разговорите меѓу Велика Британија и ЕУ ќе почнат во октомври заради досегашниот недоволен напредок по прашањето на Брегзит, вклучувајќи го и финансиско порамнување, пренесоа британските медиуми.
- Веќе направивме добар напредок за неколку прашања,... владините претставници работат на тоа и уверени сме дека до октомври ќе имаме доволен напредок за разговорите да можат да прејдат во следната фаза, рече портпаролот на одделението за Брегзит во британската Влада.
Кога станува збор за финансиското прашање, „јасно е дека признаваме дека Обединетото Кралство има обврски кон ЕУ, како и дека ЕУ има обврски кон нас, рече тој .
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор