Локализиран пожарот кај манастирот Св.Илија во непосредна близина на Велес
Пожарот кој денеска некаде околу 12.05 часот бил пријавен во ППЕ во Велес со брза интервенција на велешките пожарникари е локализиран.Со пожарот беа зафатени 10 хектари сува трева и нискостеблести растенија.
Како што информира за МИА, командирот на ППЕ Љупчо Лепидовски со брза интервенција на пожарникарите спречено е со пожарот да биде зафатен манастирот „Свети Илија“ кој е во непосредна близина.
- Пожарот е ставен под контрола, а тоа значи дека огнот се уште целосно не е изгаснат и тлее,и поради ветрот кој дува попладнево и можноста повторно да пламне огнот, наша пожарникарска екипа сеуште е на терен, истакна Лепидовски.
Лепидовски вели дека според неговите првични информации пожарот најверојатно го предизвикале сточарите кои на овој рид ја напасуваат стоката.
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот