Линеарно покачување на пензиите побараа пензионери од Кавадарци
Барања за линеарно покачување на пензиите, минималната пензија да не е под 20.000 денари, сите пратеници и од Сојузот на пензионери да се заложат за ова, побараа денеска од Иницијативен одбор на пензионери Кавадарци на протест на градскиот плоштад.
- Се собравме денес да побараме подобар живот. Бараме покачување на пензиите. Во Кавадарци има 6.070 пензионери, 3.000 а можеби и повеќе земаат пензија до 15.000 денари. Како да преживееме со тие примања. Затоа бараме линеарно покачување на пензиите во септември. Зошто скоро во сите општински здруженија работат пензионери со високи пензии, па плус земаат. И ние со ниски пензии знаеме, можеме и сакаме да работиме во здруженијата на пензионери, со тоа да придонесеме за подобар живот на пензионерите, нагласи Драгица Антик.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка