Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
Скопското обвинителство ја проширува истрагата и на родителите на Васил Јованов кој на Партизанска во Скопје под дејство на алкохол ја прегази Фросина додека поминуваше на пешачки премин.
Обвинителството веќе излезе со став дека ќе бара најстрога казна за Јованов кој во моментов се наоѓа во истражниот затвор во Шутка.
Главниот скопски обвинител Гаврил Бубевски утрово на прес конференција објасни дека делото го сметаат за сторено со умисла и дека по сите вештачења ќе следи соодветна кривична пријава.
Таткото на Фросина кој вчера беше гостин во Тема на денот на Сител рече дека неговото семејство бара највисока казна.
Според него Васил возел премногу брзо. Рече дека не гледа каење ниту кај возачот ниту пак кај неговото семејство и дека не би сакал да се сретне ниту со нив, ниту пак со судијката која претходно пресудила Васил да оди во дом за малолетници за дело поврзано со дрога и покрај тоа што бил полнолетен.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар