-->
-->
Лев по ремито со Унгарија: Натпреварот не беше за оние со слабо срце
-->
Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ги сумираше впечатоците од натпреварот од третото коло од групната фаза на ЕВРО 2020 со Унгарија (2:2).
Германија синоќа во Минхен двапати губеше, но на крајот се спасуваше од елиминација.
– Покажавме многу добар борбен дух. Грешевме, но се боревме до последниот атом на силите. Ова не беше меч за тие со слабо срце. Знаевме дека Унгарија ќе се бори на ист начин како и против Франција, дека ќе трчаат колку што можат. На крајот, треба да се забележи дека целта да се помине групата е исполнета, рече Лев.
Во осминафиналето, Германија на 29 јуни ќе се сретне со Англија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат