Фудбал
5. April 2017 - 8:51

Лацио избори финале во Купот на Италија

Екипата на Лацио е првиот финалист во фудбалскиот Куп на Италија откако го елиминира градскиот ривал Рома по двата меча во полуфиналната пресметка.
 
Синоќа во реваншот Рома ја имаше улогата на домаќин и победи со 3:2, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 0:2 од првиот дуел на кој Лацио беше домашен ти.
 
Головите за Лацио ги постигнаа Сергеј Милинковиќ-Савиќ (37.минута) и Чиро Имобиле (56), а стрелци за Рома беа Стефан Ел Шарави (43) и Мохамед Салах (66 и 90).
 
Противникот на Лацио во финалето ќе биде познат вечерва по одигрувањето на реваншот (почеток 20:45 часот) од второто полуфинале во кое се среќаваат домаќинот Наполи и Јувентус. На првиот дуел во Торино, Јувентус победи со 3:1.