Конференција „Бездомништвото околу нас - јавно, скриено, потенцијално“
„Бездомништвото околу нас - јавно, скриено, потенцијално“ е насловот на конференцијата која во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, (издавач на уличното списание „Лице в лице“) ќе се одржи денеска во Скопје.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија. Воедно ќе биде претставена и веб страницата www.bezdomnistvo.mk, а во рамки на работната група со претставници на инситуциите кои што имаат директен контакт со бездомни лица и со лица кои што се во ризик да го загубат домот ќе биде презентиран и методскиот пакет за работа со овие групи, како и инструментот за мерење длабочина на бездомништвото.
Истражувањето и конференцијата се поддржани од Проект на УСАИД за граѓанско општество.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Вашингтон: Нова инвестиција во Скопје ќе отвори 100 работни места
-
Јавните компании пред колапс
-
Во недела Галичка свадба
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?