Македонија
8. July 2024 - 19:44

Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?

Имаме богата историја и култура, па затоа културните добра се привлчени мети за крадците. Искуството на правосудните органи покажува дека тие „оперираат“ низ цела државата, нема посебни археолошки локалитети кои се омилена дестинација на разбојниците. 

Лани МВР  регистрира осум кривични дела против културно наследство, за кои мерки на кривичен прогон се преземени против 24 сторители. Од почетокот на годинава пак, три кривични дела по овој основ се најдоа во билтенот на МВР. 

„Поединците не дејствуваат сами, станува збор за организирани групи. Одат по археолошки локалитети буквално насекаде“, вели обвинителката Маја Конеска.

За секоја кражба мора да има некој надвор којшто ќе го прифати  предметот на продажба, па затоа честопати крадците соработуваат и со други лица од ланецот во Западен Балкан.

Прецизни упатства за тоа кој може да копа и да врши истражувања на археолошки локалитети дава Управата за заштита на културно наследство.  

Предметот Фаланга кој со години го држеше вниманието во медиумите, според Конеска предизвикал револуција. Во предметот Фаланга 2, шеснаесет лица беа прогласени за виновни, а најголемиот дел од нив се товареа дека илегално ископувале артефакти и ги продавале.

Од особена важност е да се имплементират и националните меѓународни конвенции за да се подобри борбата против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан.

Недозволената трговија со културни добра е глобален проблем, за чие решавање е неопхода силна регионална соработка.