Концерт на гитаристот Дарко Багески во Тајван
Гитаристот Дарко Багески денеска ќе настапи во Тајпеј во организација на Taipei Genesis Guitar Orchestra, што ќе биде премиерен концерт на македонски класичен гитарист во Азија. Настапот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Багески ќе изведе дела од Џулијани, Пјацола, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис… а покрај концертот ќе одржи и неколку мастерклас-предавања пред студенти и професори на Музичката академија во тајванскиот главен град.
Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.
Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...
Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.
Ново на Сител
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната