Затворена воено-воздухопловната база „Ендрјус“ во САД заради пукотница во неа
Воено-воздухопловната база „Ендрјус“ во Мериленд е затворена по добиените информации дека внатре има лице кое отворило оган, соопшти портпаролот на базата за весникот „Пипл“.
Извештајот за пукотниците во медицинската установа Малком Гроу, болницата на воздухопловните сили дојде во 9 часот изутрина, по локално време, прецизира портпаролот.
- Безбедносните сили во моментов соодветно одговараат на заканата, изјави портпаролот, дополнувајќи дека засега нема детали за тоа дали е еден или повеќе стрелци.
- Нашиот прв и главен приоритет е безбедноста на нашите вработени, истакна портпаролот.
„Базата во моментов е заклучена заради извештајот за постоење на активен стрелец. Сите вработени се насочени кон засолништа. Повеќе информации подоцна“, се вели во твитот објавен од базата.
Воениот објект се наоѓа во Камп Спрингс, Мериленд, и таму се стационира претседателскиот авион Еар Форс 1. Претседателот Барак Обама замина од базата вчера за Отава, Канада.
Ново на Сител
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави