Ќосев: Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот | ВИДЕО
Официјалниот јазик во Македонија не е дијалект на бугарскиот бидејќи служи за сите сфери на општествениот живот, изјави професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“.
„На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект“.
Тој, вклучувањето на бугарите во Уставот на Македонија,го дефинира како „минимален успех“.
„Дури и да ги смениме учебниците, процесот на нормализирање на односот на одредени слоеви од македонското општество кон Бугарите ќе трае со години, ако не и со децении. Ако треба да има процес на историско помирување и вистинска историска анализа тоа без сомнение треба да се случи и од двете страни“
Тој е на мислење дека нашите учебници треба да се препишуваат во духот на „модерен, отворен, граѓански, толерантен“ патриотизам кој бара контакти со соседите и е европски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот